НА ДЕНЕШЕН ДЕН6-ЈАНУАРИ

0
199

–  6 јануари 1392 година. Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак Скопскиот санџак.

– 6ти јануари 1916 година , заробени се 205 Поречани на патот за Прилеп, половината од нив се оставени на месноста Дервишка река, 103, и тука сите масакрирани.
Останатите биле пратени во затвор во Прилеп, а потоа повторно се вратени во Поречието.

– 6 јануари 1926 роден е Иван Катарџиев е македонски историчар и политичар. Тој, и покрај контроверзиите околу одредени историографски откритија, недоследности и лустрацијата, важи за еден основоположниците на македонската историска наука и еден од видните македонски историчари.Имал посебен интерес за минатото на македонскиот народ во XIX и XX век, како и за историјата на национално-ослободително движење и борбата за слобода и самостојност на македонскиот народ. Се смета за специјалист по прашањето на Македонската револуционерна организација и револуционерните борби на Македонците. Автор е на над 30 монографии и зборници на документи. Во 2003 година станал редовен член на МАНУ.

 *6 јануари 1943 година, во една колиба во месноста Речани, која се наоѓала во непосредна близина на Велес, изморени од долгите маршеви, совладани од уморот, спиеле борците Киро Ќучук (23 години), Нонча Камишова (19 години), Стојан Бурчевски (22 години), Јордан Јорданов (22 години) и Киро Неделковски (30 години). Изутрината на нивата дошол сопственикот на колибата Стефан Филипов од Велес. Изненаден од присуството на борците, ги запрашал што бараат во неговата колиба. Бидејќи тие го познавале како нивен сограѓанин, му објасниле дека во колибата кратко ќе се задржат, сѐ додека не добијат сигурна врска за да се префрлат во градот. Притоа, Стојан Бурчевски го замолил Стефан да им купи цигари. Меѓутоа, наместо да им купи цигари, Стефан ја известил полицијата. Веднаш биле алармирани војската и полицијата. Преоблечен во униформа на бугарската полиција, С. Филипов со голема група полицајци и група агенти, веднаш заминал кон означеното место. Кон нив се приклучила и една чета бугарски војници под команда на поручникот Христо Буров.

6 јануари 1945.- Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.

6 јануари 1946.- Основано е Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Меѓу основачите беа Василие Поповиќ Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски, Вангел Коџоман, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски и Борко Лазески.

6 јануари 1983.- Во Скопје умре д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Меѓу другото, најпознат е како долгогодишен раководител на Одделението за документација на ИНИ. Роден е во селото Галичник, на 19 отомври 1924 година.

6 јануари 1988.- Во Белград умре Александар Аксиќ, новинар, редактор и поет. Како припадник на револуционерното движење, заедно со Кочо Рацин и со Јован Ѓорѓевиќ ја објави збирката револуционерни песни „1932“. Беше член на предвоената редакција на „Наша реч“, орган на КПЈ за Македонија, а беше и директор на „Култура“. Роден е во Куманово, во 1912 година.

-6 јануари 1992 година Македонија ја изврши првата измена на Уставот на директно барање на Грција за надминување на проблемот што тие го имаат со нашето уставно име. Тогаш кај нашиот јужен сосед модерен беше наводниот македонски иредентизам и закана за нивната безбедност. И тогаш и сега главната болка на нашиот сосед е постоењето на македонското малцинство во Грција. Во членот 49 од Уставот на Република Македонија, пред измените пишуваше „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија.Но Грција не застана тука. Цело време притискаше и за промена на знамето. За нив 16-кракото сонце од Кутлеш (Вергина) е грчки симбол. И тоа го прифативме во 1995 година.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 5 ЈАНУАРИ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН -7 Јануари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука