НА ДЕНЕШЕН ДЕН-3 АПРИЛ

0
249

-3 Април 1936 година пуштен е водоводот од Рашче чија вода завршувала во резервоарот кај тврдината Кале. Двете каптажи Рашче 1 и Рашче 2 снабдуваат со вода 800-тини илјади жители со вода во Скопје. Околу 70 проценти од капацитетот на изворот е од Шар Планина, 20 отсто е од Жеден, додека 10 проценти доаѓа од реката Вардар. Извонредна карактеристика на изворот е тоа што има „инверзен“ карактер, па капацитетот е најголем во лето кога потребата за вода исто така е зголемена. Изворот е „повисок“ 45 метри од Скопје и тоа овозможува водата сама да стигне гравитациски до градот под поволен притисок. Должината на подземната акумулација е 10 километри, а Рашче е под утврдени зони на заштита со одлука донесена од Собранието во 1990. Скопјани ја имаат таа привилегија да пијат една од најчистите води што доаѓа преку цевковод. Станува збор за еден од најдобрите три извори во Европа. Филтарцијата по природен пат трае 30 години пред да се испие. Ретко каде е тоа така, а единствено може само Виена да преднички со 100-годишна филтрација.

– 3 април 1973 година, Во Њујорк –САД за прв пат обавен разговор од мобилни телефон.Првиот мобилен телефон тежел околу 800 грама и се продавал за 4000 долари, а батеријата траела 30 минути.

-3 април 1945.- Во Скопје, со изведувањето на претставата “Платон Кречет” од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар.

-3 април 2008 година И покрај решеноста на останатите 25 членки, Грција го спречи приклучувањето на Македонија кон НАТО на состанокот во Букурешт, оправдувајќи го овој потег со потребата за подобрување на соседските односи со решавање на спорот со името на Македонија.

Претходниот артикал,ЦИКЛАМА – Симбол на искреност, љубов и среќа
Следната статијаКАМЕНА ФИГУРА НА СЛОН НА МАРКОВИ КУЛИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука