УШТЕ ЕДЕН ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА НАШАТА ЕВА СОКОЛОВСКА ВО ГЕРМАНИЈА
Ева Соколовска, која има само 9 години освои златен медал на натпреварот по ритмичка гимнастика, што се одржа во германскиот град Боркен. На овој турнир Ева се натпреварува трета година по ред, и трет пат, во нејзината класа, го освојува првото место.

Македонското девојче, ние би додале и Илинденското девојч,е престојува во Германија со своите родители Горан и Јасмина и сестра и Илина.
Ева, неколку години реди успеси во Германија , а досега имала 14 натпревари на републичко ниво и на сите го освојувала првото место.
За 10- тина дена Ева ја очекува уште еден турнир и според прогнозите, но и според нејзиниот талент се очекува повторно да се закити со злато.

Инаку двете сести Илина и Ева се познати во ритмичката гимнастика и во секое слободно време се бодрат една другата при нивните настапи.
Населба Илинден на сестрите Соколовски им посакува успех во понатамошните натпреварувања.