* НА ДЕНЕШЕН ДЕН-6 ЈУЛИ

0
253

*6 јули е Меѓународен ден на БАКНЕЖОТ.

 *6  јули 1930 Македонија званично е прогласена како Вардарска Бановина во состав на Кралството на Југославија.

*6 јули 1999.- Во Скопје почина г.г. Михаил (Методи Гогов), поглавар на Македонската православна црква. Беше делегат на Првото заседание на АСНОМ, еден е од иницијаторите и организаторите на Иницијативниот одбор за организирање на црковниот живот во Макдонија и поборник за возобновување на Охридската архиепископија, професор во Средното богословско училиште и професор и декан на Богословскиот факултет во Скопје.Г.Г. Михаил се залагал за самостојност на МПЦ, па во два наврати одлежал над шест години затвор. Бил осуден и затворен од тогашната власт заради идеите за национална, социјална и духовна слобода на македонскиот народ. По шест месеци бил ослободен, но за кратко. Во 1948 година повторно бил уапсен и осуден на 5,5 години затворска казна. И покрај сите притисоци и закани да се откаже од свештеничкото служење, Михаил останал цврст во своите ставови и продолжил да служи како свештеник во Скопје.Напиша повеќе дела и преведе богослужбени книги. Беше поглавар четврти по ред, од 21 декември 1993 до 6 јуни 1999 година. Роден е во селото Ново Село, Штипско, на 20 март 1912.

* 6 ЈУЛИ 1942 година над селото Златари на планината Бигла, Ресенско, формиран е Битолско-преспанскиот Партизански одред „Даме Груев“. Тој бил воена единица на НОВ и ПОМ. Набрзо откако бил формиран, на 2 август 1942 г. ја уништил општинската зграда и одржал митинг во селото Смилево. Потоа, на 18 август 1942 г. извршил напад на бугарската полициска станица во селото Кажани, Битолско, на 21 август 1942 г. извршил напад на бугарските сили во селото Златари, Ресенско, а на 21 октомври на бугарската полиција во селото Сопотско, Ресенско. По овие акции се поделил на две групи и се префрлил на територијата на Преспа под италијанска окупација. Во неговиот состав влегол и Битолскиот Партизански одред “Јане Сандански”. По заминувањето во Леринско и Костурско, заедно со Леринскиот Партизански пдред “Вичо”, во април-мај 1943 г. учествувал во разбивањето на месните контрачети. Заради зголемениот прилив на нови борци, од него во Прекопана, Костурско, во мај 1943 г. бил формиран нов Битолски Партизански одред “Гоце Делчев”. Потоа пак се вратил во Битолско, а оттаму 17 јули 1943 г. главнината преминала во Дебарца каде што извршувала диверзантски акции и влегла во составот на новоформираниот прв Народноослободителен баталјон “Мирче Ацев”. Делот од одредот што останал во Преспа, по капитулацијата на Италија, заедно со Битолскиот партизански одред “Гоце Делчев”, кај селото Љубојно разоружале над 200 италијански војници на 12 септември 1943 г., а подоцна, во ноември 1943 г., влегле во составот на Битолскиот баталјон “Стив Наумов”. Наредната година, на 4 септември 1944 г. пак бил формиран истоимен одред кој дејствувал долж патот Ресен-Битола во составот на 49-та дивизија на НОВЈ.

*6 јули 1951г. Роден е Гоце Тодоровски ,македонски актер.  Покрај ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин е и во другите театарски куќи во Македонија.

*6 јули 2000.- Во Скопје почина Лазар Колишевски,  долгогодишен лидер на македонските комунисти и најмоќен човек во Македонија во периодот од ослободувањето на Македонија до падот на комунизмот. народен херој на Југославија, од Македонија. Во март 1943 година при формирањето на ЦК КПМ е избран за секретар на ЦК, потоа беше член на АСНОМ, во 1945 година е избран за прв претседател на Првата народна влада на ДФ Македонија, а во 1953 година беше избран и за претседател на Народното собрание на НР Макеоднија. Извршуваше и низа други значајни функции во Републиката и во федералните органи на СФР Југославија. Беше првиот претседател на Претседателството на СФРЈ по смртта на Јосип Броз Тито. Роден е во Свети Николе, на 12 февруари 1914 година.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -5 јули
Следната статијаСКОПСКО КАЛЕ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука