Генералното собрание на ОН на 20 Ноември 1959 година ја усвои Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена и Конвенцијата за правата на детето, која Република Македонија ја ратификуваше во 1993-тата.
A, по повод овој меѓународен ден ден за детето една песничка од нашата поетеса Виолета Јовановска
Violeta Jovanovska
2 ч. ·
“Светски ден на детето”
СВЕТОТ НА ДЕЦАТА
Нема ништо повредно во светот,
И сонцето се радува, кога тие се среќни.
Таму каде што се слуша детскиот џагор,
знај дека тука може да се радува секое битие.
Срцето на секое дете е исполнето
со љубов, милост, добрина и радост.
Таму каде што има љубов,
има живот… го има секое добро,
несомнено тоа е детското срце.
Детето е како цвет,
расте без да забележиш,
те инспирира со неговата убавина
и ведрина во неговата душа.
Поучувајќи го секој човек,
дека треба да се огледа
на нивната кротост и бескрајна љубов.
Детското срце е чиста страница,
она што ќе го напишеш на неа,
ќе остане засекогаш.
20.11.2022