* 6 септември 1944 година, се случило БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ од Централниот областен фашистички затвор во Битола.

Обласниот централен затвор бил отворен во јули 1942 година во близината на Црн Мост каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија. Фашистичкиот воено-полев суд во Битола изрече казни на над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживиотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години. Соочени со поразот на фашистичката власт Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на фашистичка Бугарија беше приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегаа од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучија во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување на Македонија од фашистичка окупација.Top of Form

* 6 септември 1903.- Кај селото Витишево, Кочанско, во борба против турската армија загина Милан Трајков Стоилов, македонски револуционер, еден од основачите и секретар на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, член на Тајниот македонско-одрински кружок и учесник во Илинденското востание. Роден е во Кукуш, на 14 јануари 1881 година.
* 6 септември 1934г. Албанската влада со цел да се развијат економските односи со Југославија поднела предлог за изградба на пруга од Тирана до Скопје .

* 6 септември 1943.- Поради акциите што ги преземаше Вториот кичевски НОП одред низ Копачијата, италијанскиот окупатор заедно со балистичките банди го запалија селото Извор, Кичевско, во пожарот изгореа повеќе куќи и плевни.

* 6 септември 1944.- Ослободено е Кратово.

*6 септември 1944, Ванчо Михајлов последен пат доаѓа во Скопје. Планот бил со помош на Гестапо да формира квислиншка држава. Кога ја видел моќта на партизанското движење и немоќта на неговите контра чети, бега во Италија, овој пат засекогаш.
* 6 септември 1962.- Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Непосреден повод за организирање на Струшките вечери на поезијата, беше литературното читање на група истакнати македонски писатели, одржан во Струга на 15 јули 1961 година, по повод излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци.
* 6 септември 1991.- Ленинград го врати старото име Санкт Петербург
* 6 септември
2016г.во близината на Кожле и Ветерско се урна приватен авион со германски
национални ознаки ,во несреќата погинаа сите 6 патници кои се наоѓале во него
,од кои биле 4 италијански и 2 косовски
граѓани.

* 6 септември 2011г.по извршената реконструкција пуштен е во употреба Аеродромот „Александар Велики“,кој локациски се наоѓа на територијата на општина Илинден.