* 7 декември 1993.- Во Скопје умре Блаже Конески, академик, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување даде огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Тој е прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, почесен доктор на Чикашкиот униврзитет и на Универзитетот во Врацлав. Негова прва книга е поемата “Мостот”, ја објави непосредно по војната во 1945 година, а потоа ги објави делата “Земја и љубовта”, “Песни”, “Везилка”, “Лозје”, “Записи”, “Стари и нови песни”, “Чешмите”, “Послание”, “Светото на песната и легендата” и други. Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на “Граматика на македонскиот јазик”, “Историја на македонскиот јазик”, “Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската поезија”. Покрај другите награди, добитник е на “Златниот венец” на Струшките вечери на поезијата во 1981 година. Роден е во селото Небрегово, Прилепско, на 19 декември 1921 година.

* 7 декември 1906.- Роден е г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. Целиот свој живот го посвети на службата на Црквата. Тој будно го следеше решението на македонското црковно прашање и вложуваше максимални напори за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија и создавањето на Македонската православна црква.

На вториот Црковно-народен собир, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, е избран за поглавар на МПЦ во обновената Охридската архиепископија. Под негово раководство е свикан третиот Црковно-народен собир, одржан на 18 јули 1967 година, на кој МПЦ е прогласена за афтокефална. Умре во Скопје, на 20 мај 1981 година.

*7 декември1909.- Во Банско, Пиринска Македонија е роден
Никола Јонков Вапцаров, бугарски и македонски пролетерски поет и
револуционер. Никола Јонков
Вапцаров се смета за најсилен поетски талент меѓу Македонците кои твореле и на
други јазици,
, во песните тој искажал чувство дека таа земја не можел
да ја чувствува за своја татковина.Тој е еден од организаторите на
Македонскиот литературен кружок во Софија, во кој беа опфатени повеќе млади
македонски литературни творци. Го стрелаа бугарските фашисти во Софија, на 23
јули 1942 година.
* 7 декември 1922г. Во 5часот и 25 минути ,во Скопје и околината се почуствувал силен земјотрес,човечки жртви ,урнати биле неколку стари куќи ,човечки жртви немало .
7 декември 1976г. родена Маја Апостолоска — македонска поетеса, книжевна критичарка и есеистка.
* 7 декември1985.- Во Скопје умре Петар Карделев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, еден од основачите на овој факултет и еден од првите конструктори и основоположници на машиноградбената и металопреработувачката индустрија во Македонија. Роден е во Битола, во 1909 година.
* 7 декември 1992.- Во Скопје умре прим. д-р Христо Брашнаров, еден од основачите на Хируршката и Акушерско-гинеколошката клиника на Медицинскиот факултет во Скопје, асистент и професор на првата генерација студенти по медицина во Скопје, основач и професор на Акушерската школа во Македонија и основач на гинеколошко-акушерските одделенија во Струмица и во Прилеп. Во 1964 година прв во Македонија воведе анестезија во оперативните зафати на гинекологијата и акушерството. Роден е во Прилеп,во 1918 година.
* 7 декември 1995.- Во Атина, дипломатот Александар Маљас, беше наименуван за шеф на Канцеларијата за врски, во главниот град на Република Македонија, Скопје
* 7 декември 1997.- Во Скопје умре Младен Дилевски, македонски поет. Автор е на книгате песни „Крадец на сонот“. Роден е во селото Беличица, Гостиварско, на 28 јуни 1921 година.

*7 декември 2018 Почина актерката Љупка Арсова – Џундева, родена на 11 јули 1934 во Скопје. Во ансамблот на Драмата при Македонскиот народен театар Љупка Џундева се вработува во 1951 година. Припаѓа на генерацијата актери кои ја завршија Државната театарска школа во Скопје. Во овој театар работи до пензионирањето во 1990 година.Добитник е на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, потоа на Наградата за артистичко остварување доделена од Југословенската радио-телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец.Македонскиот народен театар со голема болка и огромно жалење ја споделува веста за смртта на актерката Љупка Арсова Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство. Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот ентузијазам и копнеж по театарската сцена, но и нежниот и милозвучен карактер, безвременска убавина, романтична појава и жесток став во негувањето на звучниот мајчин јазик ја направиле миленичка на театарските режисери, но и на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Во Македонскиот народен театар работеше во текот на целиот свој професионален живот од 1951 до 1990 година, кога замина во пензија










































