Како се собирал данокот (порезот)во минатото.

0
109

Во 50-60-те години од минатиот век селаните кои не можеле на време да ги подмират давачките (даноците) спрема државата, се применувале сурови методи за наплата.

Во такви случаи државните даночници најпрво му правеле попис на даночниот обврзник на подвижниот и неподвижниот имот (добитокот или замја)

 Потоа попишаниот имот, под итно одел на јавна лицитација, која ја организирала власта, и на тој начин си го подмирувала долгот.

На ваков начин, многу жители го изгубиле својот имот,изразен во добиток или земја,друго немало ни што да му се земе.

За ова ќе наведеме еден пример од 1954 година. Имено, Перко Пиличковски со чезата влечена од неговиот коњ, на пат кон Скопскиот пазар, бил пресретнат од државните даночници, кои, поради неплатен данок, по кратка постапка му ја отпрегнале чезата и му го одзеле коњот. Така, тој останал на сред пат со чезата и не стасал до Скопје да ги продаде своите земјоделски производи и со добиените пари да го плати данокот.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука