-7 мај е ден на Македонската полиција .Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 Мај бил востановен како Ден на македонската полиција, а во чест на истиот ден во 1903 година кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО била извршена реорганизација на власта и безбедноста.


7 мај 1885 година во Кавадарци семејството на Паис и неговиот син Александар Велков ја отвораат винаријата “Тиквеш“. Во почетокот нејзиниот капацитет изнесувал од 30 до 80 илјади килограми преработено грозје, а подоцна истото достигнива до 300 илјади килограми. Произведувале неколку врсти вели и црни вина гроздова ракија, ликери и сокови од грозје. Соработувале и со познатата солунска фирма “Метакса“. Винаријата имала и сопствена меана во која се трошеле само нивни производи. Во винаријата подоцна како енолог работи синот на Александар, Пане Велков, на фотографијата стои долу. Винаријата е национализирана во 1946 година, а средствата за производство им се одземени и подоцна ги користи новоформираната лозово-винарска визба “Бел Камен“, подоцна АК “Тиквеш“.

– 7 мај 1948 година Димитар Влахов му испратил до тогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, во кое се залага 24 мај да се одбележува како државен празник. Празникот на светите браќа Кирил и Методи, во Македонија уште во 18 век се празнувал свечено и со многу активности, со служби, литии, беседи за значењето на светителите. Но, по Втората светска војна се појавил извесен дисконтинуитет во празнувањето. За тоа, според Китевски, сведочи и писмото на Димитар Влахов што на 7 мај 1948 година го испратил до тогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, во кое се залага 24 мај да се одбележува како државен празник. Во писмото, Влахов ја објаснува потребата од повторно воспоставување на овој празник во Македонија, нагласувајќи дека во Бугарија се празнува како државен празник и се прават и обиди браќата Кирил и Методиј да се претстават како бугарски просветители.
–7 мај 1971.- Во Охрид (од 7 до 31 мај) се одржа Првиот меѓузонски турнир за светска првенка во шах. Учествуваа Нана Александрија (СССР), Татјана Затуловскаја (СССР) и Милунка Лазаревиќ (СФРЈ) кои заедно со поранешната претендентка Ала Кумнир (СССР), требаше да ја одредат новата предизвикувачка на актуелниот шампион Нона Гаприндашвили (ССССР). Најуспешна меѓу нив беше Александрија. Тоа беше најсилниот турнир на шахистки дотогаш одржан во Македонија за кој претседателот на ФИДЕ Макс Еве, оддавајќи признание за одличната организација, изјави дека македонските шаховски работници и ентузиасти го оправдале високото реноме што оваа земја го има во светот. Во наредната година во Скопје се одржа и женската олимпијада.
–7 мај 1991.- Во Москва умре Васил Икономов, македонски писател и преведувач. Тој е еден од основачите и првите уредници на Книгоиздателството “Мисла” во Скопје, член на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на писателите на СССР. Автор е на стихозбирките “Жерави во пламен”, “Разделбата на крвта со огнот”, “Мртвите пешачат боси” и “Кон една генеза”. Роден е во Скопје, во 1945 година.









































