На денешен ден -6 мај

0
92

-6 мај 1991г.Во Сплит беше убиен  19 годишниот војник Сашо Гешовски од Кавадарцитој  беше првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во СФРЈ.

Бил застрелан додека чувал стража во касарната во Сплит за време кога протестирале 30.000 демонстранти ,поддржувачите на независноста на Хрватска.Околностите под кои загина Гешовски се уште не се разјаснети.Во конфликтите  во повеќе југословенски републики  кои започнаа потоа, загинаа четириесетина македонски војници кои се најдоа во редовите на некогашната ЈНА.

-6 мај 1974г.,пуштен во сообраќај автобуската линија бр.66 од Скопје до Мршевци.По извесно време линијата 66 се раздвои на два крака еден Бучинци –Скопје ,а другиот Дељадровци –Скопје и обратно.

– 6 мај, 1405 г.роден е Скендербег -Ѓорѓи Кастриот – BTOP Александар Македонски, а починал 17 јануари, 1468 г. и е погребан во Кроја .Ѓорѓи Кастриот бил кнез а подоцна и владетел на МАКЕДОНИЈА и ЕПИР со престолнина во Кроја, денешна Албанија инаку ЗАПАДНА или ПЛАНИНСКА МАКЕДОНИЈА. Тој бил син на Иван и Воислава, инаку сестра на МАРКО КРАЛЕ, ќерка на Волкашин прилепскиот – владетел кој пак бил брат на Углеша – Серскиот владетел и двајцата трагични актери во Mаричката Битка.

-6 мај 1848г Во селото Лазарополе, гостиварско, е роден Васил Апостолов Икономов, македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач, калиграф и црковен певец. Умре во Лазарополе, на 4 јуни 1934 година.

– 6 мај 1912 година во борба со турски аскер кај Широка Нива под врвот Руен во Осоговско,,загинал Мите Костов, познат по називот Кокошински, револуционер од Кумановско Кокошине, деец на ВМОРО.Во 1906 година влегува во ВМОРО во четата на кумановскиот војвода Тодор Сопотски. Загинува на

-6 мај 1959г. роден е Шабан Сеиди-борач слободен стил републички и државен првк ,учествувал на 6 балкански првенства,4 медитерански игри,1 универзијада,3 европски првенства,3 светски првенства ,со освоени многу златни,сребрени и бронзани медаљи.

-6 мај1924г. Во  Виена, ВМРО (об.) издаде Манифест кон македонскиот народ, кон организираното револуционерно население во Македонија и кон македонските револуционери, познат како Мајски манифест на ВМРО (об.). Во него како главни цели на револуционерната борба беа фиксирани “ослободувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка заедница” и демократизирањето и сојузувањето на балканските држави во една федерална заедница која “единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи” и да ги парализира анексионистичките и империјалистичките стремежи на заинтересираните сили. Во документот македонскиот народ се третира како самостоен народ на Балканот без дилеми и конфузии за неговата самобитност. Бил составен по долги преговори на претставниците на ВМРО, Комитерната и Македонската федеративна организација (организација на македонската емиграција во Бугарија). Потписници на манифестот се членовите на Централниот комитет на ВМРО, Александар Протогеров, Петар Чаулев и Тодор Александров.

6 мај 1952.- Во селото Лабуништа, Струшко, умре Ангелко Крстиќ, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и учител. Најпознат е по романот “Трајан”, објавен во 1932 година. Роден е во селото Лабуништа, на 1 ноември 1871 година.

-6 мај 1993г. Умре Велко Силјановски,редовен професор на филолошкиот факултет во Скопје,осново полжник на дисциплината фонетика на англиски јазик .Родн е во Прилеп на 27 јуни 1936г.

-6 мај 2014 г. По кратко боледување на 65-годишна возраст почина македонскиот музичар, автор и пејач на народна музика, Војо Стојановски. Тој беше и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. Негови најпознати песни кои оставија трага во македонската народна музика се „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ ,„Свадба голема“ … Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во кичевското село Букојчани.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука