Црква „Св. Петка“ – Црниче

0
246

По повод денешниот празник Св.Петка

Црква „Св. Петка“ – Црниче

Во скопско постојат многу црковни храмови посветени –изградени во чест на Св. Петка како во:Црниче,Драчево,Г. Коњари,Дивле,Цреѓево,Брезница и други.

Од денешната прослава на празникот во ДИВЛЕ,фото Билјана Блажевска

Денес ќе Ви ја преставиме црквата Св. Петка -Црниче

Света Петка — македонска православна  црква, која се наоѓа во скопската населба Црниче.

Овој храм бил подигнат и осветен во 1923година, но чинот на осветување и поставување на камен-темелник за изградба на црквата бил извршен во 1904 година.

За 20 години била изградена целосно и осветувањето го извршил тогашниот скопски митрополит Варнава (1920-1930).

Постои камен-плоча на која може да се прочита дека храмот бил завршен и осветен на 3 септември 1923година.

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година црквата била оштетена. При поправките од јужната и од северната страна таа е проширена со параклис, посветен на светите цареви и рамноапостоли Константин и Елена, а по извесно време од северната страна е дограден параклис, посветен на Света великомаченичка Недела.

 Независно од црквата е подигната четирикатна октогонална камбанерија. Внатрешното декорирање на храмот, односно живописот и иконописот му биле доверени на последниот и најдобар зограф на тоа време, Димитар Папрадишки.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука