НА ДЕНЕШЕН ДЕН- 9 СЕПТЕМВРИ
* 9 септември 1969 – Атина Бојаџи (13 март 1944 – 28 декември 2010) великан на македонскиот спорт, спортист на векот прва жена која го препливува Ла Манш за време од 13 часа и 20 минути….

Во чест на нејзиниот легендарен подвиг е снимен филмот „Исправи се Делфина“. Бојаџи е еден од соработниците на филмот

* 9 септември 1959 година Нико Нестор го преплива каналот меѓу Франција и Британија за 12 часа и 6 минути, како прв човек од источна Европа кој го совладал растојанието од Кале до Довер. На 9 септември 2009 година за овој подвиг Нико Нестор доби специјално признание од Здружението на пливачки маратонци.Тој е и првиот Македонец кој го препливал Охридското Езеро – од Свети Наум до Струга за 11 часа и 28 минути во 1958 година.

* 9 сепември 1920.- Во Тетово е роден Тодор Циповски – Мерџан, народен херој на Југославија, од Македонија. Во борбата против балистите загина во селото Белчица, Мавровско, на 19 септември 1944 година.
* 9 септември 1994.- Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена.
* 9 септември 1994.- Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена.
* 9 септември 1996.- Воспоставени се целосни дипломатски односи меѓу СР Југославија и Република Хрватска.









































