Васка Глигорјадис-ракомет

0
121
ВАСКА ГЛИГОРЈАДИС-РАКОМЕТАРКА
Живее во населба Илинден родена 20.07.1999 год во Скопје .
Основно образование заврши во ОУ “Стив Наумов” во Автокоманда. Од најмала возраст покажуваше интерес за повеке спортови, но со тек на време како растеше сфати дека спортот за кој што знае дека ке успее е ракометот.Инаку со ракомет се занимава од својата 8 годишна возраст.Првите чекори на терен ги направи во спортската сала во Автокоманда во клубот Металург.Од 12 години настапува за школски натпревари каде постигна одлични резултати.Поради ракометот одбра да учи во спортската гимназија Методи Митевски Брицо каде што и таму се натпреваруваше и постигна одлични резултати.Учествуваше на повеке домашни и меѓународни првенства со клубот.Нејзината игра беше забележана од ракометните стручни лица и Васка беше повикана и стана член на кадетската и на младинската репрезентација на Македонија.И во репрезентативниот дрес Васка пружа одлични игри и се издвојува како најдобар стрелец против репрезентацијата на Молдавија за квалификации за ЕП кое ке се одржи во Словенија во периодот од 26.07-06.08.2017год.
Васка настапува на крилна позиција –десно крило ,нашиот сограѓанин и државен репрезентативец Goce Georgievski е нејзин идол.
Со нејзиниот тим Металург се младински прваци на Македонија во младинска категорија и се надеваме на уште поголеми успеси и позитивни резултати во Македонското и Европското првенство.
Населба Илинден на Васка и посакува успешна ракометна кариера!

 

Претходниот артикал,Дени Ангелковски-фудбал
Следната статијаМартина Смилковска-фудбал

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука