* 8 октомври е Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата
* 8 октомври1944.- на Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на селото Орман – селото Бразда, кои се обидуваа да ја отфрлат од комуникацијата Скопје – Качаник и да го оневозможат непречено сообраќајот на германските сили. Бригадата успеа да ги одржи позициите од кои постојано ги напаѓаше германските транспорти и колони. Во овие тридневни борби , загинал Блажо Ѓуровски од Илинден,кој припаѓа на родот Костадиновци.(На жалост нема фотографија од него)
* 8 октомври 1864.- Во Смедерево е роден Бранислав Нушиќ,меѓу двете светско војни службувал во Скопје и бил чест гостин во Илинден ,како гостин на фамилијата на едниот од браќата Калкус кои студирале заедно во Париз-извор Јарослав Калкус. Инаку тој е српски комедиограф, сатиричар и критичар. Негови најпознати дела се комедиите “Сомнително лице”, “Протекција”, “Народен пратеник”, “Госпоѓа министерка” и други. Умре во Белград, на 19 јануари 1938 година.
* 8 октомври1991.- Словенија и Хрватска, спротивно на важечкиот устав, еднострано се отцепија од Југославија, предизвикувајќи граѓанска војна, со премолчена согласност од Запад.
*8 Октомври 1944 – Со синхронизиран напад, борците на 17. и 18. Македонска НО бригада ја ослободија Крива Паланка.
* 8 октомври1992.- Македонската радио-телевизија го извести генералниот секретар на Здружението на југословенските радио-телевизии дека Македонската радио-телевизија донесе одлука за истапување на МТВ од ЈРТ, во согласност со одредбите на договорот за основање на здружение на југословенските радио-телевизии
* 8 октомври1994.- Во Скопје е одржано Основачкото собрание на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. За претседател е избран Мето Јовановски.