*21 октомври1943.- Во селото Издеглавје, Охридско, е одржан Првиот свештенички собир на слободната територија на Дебарца. Триесетте народни свештеници, изразувајќи ги стремежите и определбите на православното свештенство и на верниците од цела Македонија, донесе мошне значајни одлуки. Свештениците и македонските христијани беа повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска. Според одлуките на собирот, откажана е секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата на Македонија, а во црковната администрација е воведен македонскиот јазик. Притоа свештениците се ставија на располагање на народната власт. Потоа е формирана првата организирана црковна власт, формирано е архиерејско намесништво, а за прв намесник е поставен заслужниот деец и учесник во НОВ, прота ставрофор Антим Поповски.

*21
октомври 1912 г. Непосредно по
ослободување од турците во
ВЕЛЕС била формирана месна управа во состав:
1. Димитар Ничев, околиски началник
2. Крум Зографоки, полициоки началник
3. Алексо Мартулков (Извор,Мак.од
1912-1941)

* 21 октомври1941.- Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија – од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.

*21 октомври1990.- Во Струга е поставен камен-темелник на новиот црковен храм „Света Петка“.
* 21 октомври1990.- Во селото Опае, Кумановско, е осветена црквата „Свети Ѓорѓи“.
* 21 октомври2000.- Умре Александар Ацо Ивановски – Ревија, еден од најпознатите македонски фотографи. Роден е во Тетово, на 14 март 1921 година.
* 21 октомври 2015.- На 78-годишна возраст во Скопје почина проф. Елка Димитриева, научен советник во пензија на Економскиот институт во Скопје. Елка Димитриева припаѓаше на доајените истражувачи на демографската област во Република Македонија и пошироко. Автор е на бројни научни трудови, стратешки документи и други проекти со кои даде значаен придонес за демографската научна мислa









































