НА ДЕНЕШЕН ДЕН 9 ФЕВРУАРИ

0
206

9 февруари 1540.- Во местото Рудај Филдс, во близина на англискиот град Честер, се одржала првата трка со коњи во светот.(По тој повод денешнава насловна слика  е од нашата Меланија Атанасовска ,спортски јавач на коњи).

9 февруари 1944.-  во Прилеп, во борба против бугарска војска загина Злате Малакоски, народен херој на социјалистичка Југославија, од Македонија. Роден е во селото Богдево, Гостиварско, во 1926 година.Во НОБ стапил во Мавровско – Гостиварскиот партизански одред„Кораб“во февруари 1943г.

9 февруари 1944.- Во Охрид почина Кирил Прличев, деец на ВМРО и журналист, син на Григор Прличев. Учесник е во Илинденското востание во четата на Христо Чернопеев. Бидејќи едно време беше протоѓеровист, во 1931 година под притисок на Иван Михајлов се откажа од политичката активност во редовите на Организацијата. За време на Втората светска војна беше директор на Музејот во Охрид. Роден е во Охрид, на 1 март 1875 година.

– 9 февруари 1944 година. Во близина на Илин Врв (во близина на Прилеп) I македонско-косовска ударна бригада со изненадувачки напад ја разбива бугарската колона која е пратена во потера по неа.(игор блажевски –за македонски работи)

-9 февруар 1987г роден е  Јане Петровски — македонски кошаркар.

9 февруари 1993.- Патувајќи од Прилеп за Струмица, во сообраќајна несреќа загина Мину Угриновска, актерка на Народниот театар “Војдан Чернодрински” од Прилеп. Родена е на 11 октомври 1968 година.

9 февруари 1995.- Република Македонија и Република Индија воспоставија дипломатски односи.

-9 февруари 1995 г. починал  Блажо Славев, македонски актер и режисер.

-9 февруари 1995.- Во Кавадарци почина Блажо Славев, македонски актер и режисер. Роден е во Кавадарци, во 1951 година.

-9 февруари 1999.- Народна Република Кина ги прекина дипломатските односи со Република Македонија поради воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Кина Тајван

9 февруари 2012.- Од денеска една улица во Прага го носи името „Македонска“. На церемонијата на свеченото пуштање во употреба на улицата, која се наоѓа во населбата Просек, во општина Прага 9, присуствуваа претставници на локалната власт и македонската амбасада во Чешка, како и Македонци кои живеат во чешката метропола. Иницијативата ја поднел чешкиот граѓанин, Петр Кунеш, кој како туристички работник и патеписец, идејата ја добил пропатувајќи ја Македонија. „Македонската“ улица во Прага засега е долга околу 500 метри и на неа се водат жителите на три нови згради. Според Лукаш Манхарт, претседател на Советот на Прага 9, улицата ќе биде продолжена бидејќи се планира проширување на населбата. Целата иницијатива беше поддржана и од македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов кога пред една година при официјалната посета на Чешка, се сретнал со прашкиот градоначалник, Бохуслав Свобода. 

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука