*10 јули 1992г. започна изградбата на Црквата „Св.Петар и Павле “во Ајватовци. Св.„Петар и Павле“— се наоѓа на ридот над самото село и се забележува како знаменитост од сите страни.
Во дворот непосредно до црквата стои стар камен крст, за кој може да се претпостави дека можеби е подигнат во 1844/45 поради натписот на таа година во грбот на Ајватовци кој стои придружните згради во дворот на црквата Изградбата на Црковниот храм „Св.Петар и Павле“започнала на 10 јули 1992година во пресрет на верскиот празник посветен на Св.Петар (Петровден),ден кој месното население го слави и како селска слава.
Инаку иницијатор за изградба на црквата е Марјанчо Димовски , неговата иницијатива беше сестрано прифатена и подржана од неговите соселани и пошироко.
На радост на сите негови сограѓани од Ајватовци и пошироко манастирот е речиси завршен ,но на жалост, Марјанчо не може да го види неговото целосно довршување.
*10 јули 1856.- Во селото Смиљан, Госпиќ, роден е Никола Тесла, генијален истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката. Умре во Њујорк, на 7 јануари 1943 година.
*10 јули 1990,Елизабета Павловска ,атлетичарка на АК Вардар ( жител од Миладиновци),постигна рекорд во скок во далечина 5.81м.
*10 јули 1998.- Во Скопје умре Атанас Близнакоф, основач на Фондот „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, прв од ваков вид на Универзитетот, од кој се стипендираат студенти кои покажуваат особени резултати во студиите. Роден е во село Д`мбени, Костурско, Егејска Македонија, на 15 декември 1901 година.
*10 јули 2001.- Во Скопје умре Иван Дејанов, македонски академик, основач на трансфузиологијата и имунологијата во Македонија. Роден е во Ќустендил, на 6 јануари 1931 година.
*10 јули 2006.- Полскиот претседател Лех Качињски го именува својот брат – близнак Јарослав Качињски за претседател на владата. Ова е единствен случај во историјата на демократските општества.
*10 јули 2014 година, кога се урна хеликоптер тип МИ 17 В5 со регистарска ознака МАП 7712, во сопственост на МВР Скопје, во кој загинаа четворица полициски пилоти. : Драги Мицев,ИљоЛопатички,Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков.
*10 јули 2016г.во Кадино отворен е првиот дом за стари лица во општина Илинден,со капацитет за 30 лица.