* 18 јуни 1882 година роден е Георги Димитров, Македонец е по потекло. Татко му Димитар од Разлог и мајка му Параскева од село Бани, Разлог, Пиринскиот дел на Македонија, после Кресненско-Разловечкото востание се селат во село Ковачевци, Перник, близу до Софија каде што се раѓа Георги. Во 1902 година Георги Димитров станува член на Бугарската Социјал Демократска Партија (БСДП). Приврзаник е на идејата за Балканска Федерација. Во македонската историја Димитров е особено важен како прв челник на Бугарија што ги признал Македонците. На Димитров здравствената состојба рапидно му се влошила во почетокот на 1949 година. На 7 март 1949 година итно со авион бил префрлен во санаториум во Москва, а Сталин наредил да го лекуваат најдобрите лекари. На Димитров здравствената состојба рапидно му се влошила во почетокот на 1949 година.На 7 март 1949 година итно со авион бил префрлен во санаториум во Москва Во санаториумот често бил од Сталин посетуван. Таму 4 месеци се лекува, но на 2 јули 1949 година умира.
Сталин веднаш наредува неговото тело да се балсамира и го испраќаат во Бугарија, каде за рекордни шест дена му е изграден Мавзолеј во Софија. Во август 1990 година неговото тело е кремирано и погребано на Централните софиски гробишта, а Мавзолејот урнат во 1999 година
18 јуни 1913 г. умира Христо Иванов Батанџиев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и еден од основачите на Македонската револуционерна организација.Како патриот, загрижен за судбината на Македонија ѝ пристапил на групата македонски интелектуалци-истомисленици, со кои во Солун ја основале Македонската револуционерна организација. Организацијата е основана на 23 октомври 1893 година (стар стил) во неговото живеалиште.Загинал заедно со архимандритот Евлогиј во 1913 година, бил фрлен и удавен во Егејското море од страна на Грците.
* 18 јуни 1918 г. Во Прилеп е роден е Илија Милчин,македонски актер, режисер, јазичар и преведувач, почесен член на ДПМ. Завршил право на Софискиот универзитет во 1942 година. Во периодот од 1944 до 1947 година работел како драматург, а потоа како актер и режисер во Македонскиот народен театар во Скопје. Бил уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, Пиринска Македонија (1947-1948). Од 1965 до 1968 година бил директор на Драмата на Македонскиот народен театар во Скопје. Неговиот преведувачки опус опфаќа голем број значајни дела од руски, хрватски, бугарски и француски автори. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Јован Стерија Поповиќ“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“. Остварил значајни улоги во филмовите: „МИс Стон“, „Мирно лето“, „Македонска крвава свадба, „Републиката во пламен“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Ангелина отпад“ и други.
. *18 јуни 1935.- Роден е Слободан Мицковиќ, македонски есеист, критичар, романсиер и преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како уредник за уметничка литература во издавачката куќа „Мисла“, како и во Македонскиот народен театар. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и раководител на Институтот за македонска литература. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Член на ДПМ од 1965 година. Автор е на книгите: „Размислувања“ „Толкувања“, „Време на песната“, „Поетските идеи на Конески“, „Збор и разбор“, „Александар и смртта“, „Да се убие Апостол“, „Канал“, „Историја на црната љубов“ и други. Добитник е на наградите: „Димитар Митрев“, „Рациново признание“, Роман на годината на „Утрински весник“. Починал на 21 мај 2002 година.
* 18 јуни 1937.- Советските пилоти Чкалов, Бајдунов и Белјанов го извршија првиот лет без спуштање од Москва, преку Северниот пол до Ванкувер, во САД. Летот траеше 63 часа и 25 минути, а изминатиот пат изнесуваше 12.000 километри. Долго време тоа беше најдолг далечински пат без спуштање. Сите тројца пилоти добија високи одликувања за овој потфат.
* 18 јуни 2001.– Република Македонија и Народна Република Кина ги обновија дипломатските односи. Истиот ден Република Македонија и Република Кина Тајван ги раскинаа дипломатските односи.