НА ДЕНЕШЕН ДЕН -19 СЕПТЕМВРИ

0
442

*19 септември 1992.– Во селото Стајковци, Скопско, е поставен и осветен камен-темелник на новата црква „Свети Кирил и Методиј“.

*19 септември1914.- Во Софија е убиен Стефан Јакимов Дедов, македонски деец, основач на македонскиот читателски клуб  во Белград, во чии рамки го издаваше весникот „Балкански гласник“. Дедов во Софија работеше  на весниците „Балкан“ и „Курир“, беше член на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и коавтор, заедно со Мишајков на Меморандумот на руската влада, прва македонска националноослободителна програма. Роден е во Охрид, на 28 октомври 1869 година.

*19 септември1942.- Во околината на Прилеп, по тешка тортура од страна на бугарската полиција, убиен е со фрлање во варџилница Рампо Левков – Левката, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во Прилеп, на 9 јануари 1909 година.

*19 септември 1932г.започнала да се гради пругата Велес –Прилеп

*19 септември 1933г. Во Неготино е роден Ацо Ѓорчев ,познат македонски актер.Своите позначајни улоги –остварувања ги оствари на сцената на Драмскиот Театар во Скопје ,Почина на 26 јули 1993г.

*19 септември1942.- 19 септември 1942г.од затворениците Бугарите по список извлекле 19-мина, 12 од затворените селани од Дабница и 7 прилепчани, и, без да бидат судени, ги повеле на стрелање. На пат кон Дабница, по наредба на поручникот Иван Куцаров, затворениците се стрелани. Иако биле дополнително проверувани дали некој останал жив, еден од затворениците, Петко Велкоски, ранет и искрвавен, се притајува, го подзапира здивот и е фрлен меѓу мртвите другари. На крај, успева да се спаси.Во масакрот кај прилепското село Дабница стрелани биле:Адем Мамуд Адемоски,Алексо Бешироски – Ставре,Душан Бешироски Кузманоски,Аце Мрчески,Димко Мрчески,Андон Нунески,Атанас Ордан Велкоски,Добре Цанев Јованоски,Тоде Кремчески,Ордан Нунески,Гога Нунески,Ордан Димков Паноски,Андон Миланов Слабејкоски – Слабејко,Сотир Сотироски – Џигиџик,Киро Ѓорев Ќосески и Алексо Шаламаноски

*19 Септември 1944 во село Беличица Гостивар ,извршен е масакр

*19 септември 1949.- Со решение на Комитетот за туризам и угостителство на Владата на НР Македонија е формирано Државното средно угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев“ во Скопје.

*19 септември 1992.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои резолуцијата со која ја исклучи Југославија од работата на Генералното собрание и го оспори нејзиното прво во ОН да ја наследи СФРЈ. На југословенската мисија и дозволија нејзините контакти во Њујорк да ги остварува со други органи во ОН.

*19 септември 1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ).

*19 септември 1996.– Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија.

*19 септември 1999.- Во Скопје умре Петар Пепељугоски, генерал, учесник во НОВ на Македонија, а по војната висок воен раководител. Роден е во Прилеп, на 12 октомври 1924 година

Претходниот артикал,Љубе Димовски со своето одделение -1979 година
Следната статијаНАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука