Прослава на Прочка на скопско Кале во минатото

0
223

ПРАЗНУВАЊЕ НА ПРОЧКА НА СКОПСКОТО КАЛЕ

Денот кога треба да си простиме за намерните или ненамерните грешки во текот на годината отсекогаш до 70 –те години на минатиот век масовно се одбележувал на Скопското Кале.

За разлика од други градови во Македонија каде за овој празник манифестациите се одвивале со „маскирање“ на населението  во Скопје тоа се изразувало со тоа што поголемиот дел од присутните  празнично се дотерувале  во скопска народна носија,  или во носии на други националности,  младите од Скопје и скопска околија и секој посакувал да се најде тој ден  на Калето.

А, таму десетици ора каде младите ги покажуваат своите витешки знаења во изведбата на фолклорните убавини.

Ден кога се пресретнувале многу младечки погледи од кои се раѓала љубов,ден кога постарите стројници ги соочувале младите на нивно прво „гледање“

На бендисувањето му претходела предходна средба на „СУВВТОРНИК пред Прочка кога се обавувал чинот на „гледање“ на младите обично на пазарите –Бит Пазар, кога се закажувала наредната средба на Прочка на Кале.

.Доаѓањето на Кале и повторното сретнување значело дека се „бендисале“младите и од тогаш започнувала нивната врска и набрзо потоа и свадба.  Преоблекувањето или маскирањето е карактеристичен белег при одбележувањето на празникот Прочка. При преоблекувањето, најмногу се користеле народните носии, потоа градските носии,a собено популарно било носењето ромска облека, која се шиела или се позајмувала за тој повод.

Претходниот артикал,Лоза и Марица-1966
Следната статијаДрагица и мајкаи Перса

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука