Дарко Глишиќ-фудбал

0
323

Дарко Глишиќ -фудбалер
Живее во с.Мршевци,од најмали нозе фудбалот за него беше , е и ќе остане најомилена играчка од која никогаш не би се одвоил.
На 17 годишна возраст, Дарко Глишиќ заигра во првиот тим на ФК „Вардар“, каде настапува само една полусезона. Потоа, на возраст од 17,5 години, го потпиша својот прв професионален договор за ФК „Олимпик“ од Сараево. Во 2012 година премина во ФК „Динамо“ од Тбилиси, а во летото 2014 година повторно се врати во ФК ФК „Вардар“.
Иако беше ангажиран во неколку клубови во Македонија и во странство, сепак срцето му е во неговиот матичен клуб Вардар. Знае дека дека го чека уште долг пат кога ќе може да каже дека го достигнал врвот во кариерата, но тој сè уште е млад и кариерата му е во постојан подем.
Во досегашната кариера се соочил со повеќе професионални предизвици, но навистина голем предизвик му бил повикот да се врати во Вардар бидејќи тоа е клубот каде созреваше неговата љубов за фудбалската топка уште многу оддамна. А сега е клуб по сите светски стандарди каде што секој фудбалер би посакал да е дел од тимот, а особено бидејќи настапува за клуб од Македонија.
Вардар е негова голема љубов ,љубов која не се опишува, таа за него е магија, која не се избегнува и вечно ќе трае.
Еден од најсреќните денови во неговиот живот е освојувањето на титулата државен првак на неговата најголема спортска љубов Вардар.Миленик е на Комитите и неговите фанови ,кои го бодрат на секој негов настап,за што многу им е благодарен.
Населба Илинден му посакува успешна фудбалска кариера

Претходниот артикал,Здравко Дејановиќ-алпинизам
Следната статијаДарко Додевски-фудбал

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука