Готвачи- авчии на свадби

0
153
На сликата Милан Бошковски(Бејтовски)и неговата сопруга Илинка.
Милан беше еден од „авчиите“кој готвел на многу свадби во минатото во Илинден.
Се до 70/80- тите години од минатиот век сите свадбени веселби се правеа во домовите на маладоженците .Денес ќе го опишеме начинот на исхрана на гостите- .Во подалечното минато целиот трошок околу обезбедување на сите прехранбени продукти ги сносел таткото на младоженецот (свекорот) и за тие гости во неговиот дом и за неговите гости –сватовите кои оделе да ја донесат невестата од нејзиниот дом.Пред тоа се договарало колку сватови ќе дојдат по невестата и за толку гости свекорот бил должен да донесе продукти „мастрав“и пијалок.Покрај припремата на ручек за гостите во домот на младоженецот од страна на готвачите „АВЧИИ“,секој поканет гостин си носел храна и пијалок од дома„поклон“ ,обично ориз-тава,со што му се олеснувало на домаќинот –свекорот.Во готвачките вештини кај нас во Илинден најпознати „АВЧИИ“кои го припремале ручекот (без финансиска надокнада)биле Боце Савев,Милан Бејтовски,Ангеле Риклевски,Цветан Роглев,Ладе Најдов и други. По завршување на ручекот „авчијата“ или негов помошник поминува со „Кутлачата“и доколку гостите биле задоволни од припремениот ручек ставале по некоја железна паричка во неа,како награда за авчијаата.Извесно време потоа наместо авчиите ,започна да се ангажираат професионални кувари –готвачи .Оваа традиција заврши околу 1980г., од кога се отворија неколку ресторани и свадбите започнаа да се прават во нив.
Претходниот артикал,Свадба на Диме и Петранка-1974
Следната статијаВрзување раце на младите

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука