Здравко Дејановиќ-алпинизам

0
202

ЗДРАВКО ДЕЈАНОВИЌ-АЛПИНИСТ
Денешнава објава за нас е особено важна затоашто Здравко Дејановиќ по татко Томислав и дедо Војо Дејановиќ потекнува од Марино –Илинден.
Тој е човекот кој испиша историја освојувајќи ги трите најопасни планински врвови на светот или т.н. Бермудски триаголник на Хималаите.
Здравко Дејановиќ Во 2015 година влезе во историјата како првиот Македонец кој искачил три врва над 8.000 метри: највисокиот врв во светот Монт Еверест, вториот највисок врв на Земјата К2, кој е и технички најтежок за искачување, и последниот, Анапурна 1, прогласен за најсмртоносен врв на светот.
.Анапурна 1 е врв висок 8.091 метар и се наоѓа на хималајскиот масив во Непал. Врвот важи за најсмртоносен и е најмалку искачуван врв, официјално до неговото искачување оваа година вкупно го имаа искачено само околу 160 искачувачи од целиот свет. Анапурна 1 и врвот К2, кој е висок 8.611 метри и кој го имам искачено во 2014 год., важат за најтешки на планетата. Неговото искачување на Анапурна 1 се одвиваше во зимски услови и беше проследено со доста непријатности. Од објективни причини, поради неповолни временски услови, како тим одлучиле недоволно аклиматизирани да се обидат да го искачат врвот, при што по успешното искачување биле принудени втора ноќ по ред да помине на отворено на температури и до -40 Целзиусови степени, што претставува тест на издржливост кој можат да го издржат само психофизички најподготвените. Благодарение на неговата посветеност во подготвителниот период, тој успеа да ги издржи сите тешкотии и од врвот да се спушти само со мали смрзнатини на рацете.
Своите подготовки – тренинзи ги извршува на одредени локалитети во Македонија, како Матка, Демир Капија и македонските планински врвови повисоки од 2.500 метри
Благодарение на спонзорството од Пивара Скопје, која во одреден дел финансиски го помогна неговото искачување на К2, тој минатата година успеа на самиот врв да однесе една лименка СКОПСКО со што во светската историја ќе остане запишано како прво и единствено пиво кое го „искачило“ врвот К2.

Во август 2023 година тој го освои Кхан Тенгри е 24 искачен врв на Здравко Дејановиќ во негоивиот живот. Највисокиот северен врв на земјата каде што сибирската клима е големо добредојде. Врв кој се искачува без јажиња, каде силата во рацете и рамењата е важна, а главен адут е менталната сила. Тој сосема сам во Август ја почна сибирската и студена авнтура Кхан Тенгри врв на планината Тиан Шан на тромеѓето Кина-Киргистан-Казахстан.


Населба Илинден на Здравко Дејановиќ ,му посакува понтамошни успеси.

Претходниот артикал,Кирил Марковски-велосипедизам
Следната статијаДарко Глишиќ-фудбал

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука