Диме Ангеловски и Марјан Трајановски -фудбалски тренери

0
267
Наши сограѓани поранешни фудбалери Диме Ангеловскиод Илинден и Марјан Трајановски од Кадино,со успех продолжуваат со фудбалот, но сега во илога на фудбалски тренери.
Двајцата раководат со тимот IF Vardar Makedonija,клуб на нашите иселеници во Гетеборг –Шведска .
Клубот се натпреварува во регионалната лига на Гетеборг и до сега во овој дел од фудбалската сезона во првите 7 кола се без пораз ,односно постигнаа одличен успех од 7 натпревари ,остварија 7 победи.
Нивните амбиции се клубот на нашинците да го внесат во повисок ранг ,а како тргнаа во оваа сезона ,на пат се да го остварат тоа.
Инаку Диме Ангеловски е поранешен фудбалер на ФК Илинден, ФК Силекс, ФК Брегалница –Делчево,ФК Капошвар-Унгарија и други.
Марјан Трајановски е поранешен фудбалер на ФК Кадино и на неколку фудбалски екипи од Шведска.
Населба Илинден на овој наш тренерски тандем и на клубот на нашите иселеници и посакува успех.

 

Претходниот артикал,Дејан Ристовски –фудбалер
Следната статијаРазвој на автобускиот превоз во Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука