Преподобен Антониј Велики

0
59

Уметничкото дело со ликот на Преп.Антониј Велики е на нашиот уметник Аце Ѓорѓиевски

Денешниот ден е именден за Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони…

Свети Антониј Велики е роден во 251 година во среден Египет. На 20-годишна возраст му починале родителите и тој заедно со сестра му го наследиле нивното богатство. Откако во црквата ги слушнал зборовите на Исус „Ако сакаш да бидеш совршен, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш скровиште на небото; па дојди и врви по мене.“ (Матеј, 19/21) еден дел од имотот го продал и ја сместил сестра си во еден дом за девојки, другиот дел од имотот го раздал на сиромаси, а тој го започнал подвижничкиот живот.

Направил многу подвизи, особено се истакнал во борбата против еретиците. По молба на св. Атанасиј ја посетил Александрија во 335 година за да помогне во борбата против еретиците на Ариј кои биле силни и по поразот на Никејскиот собор (325). Неговото пристигнување во главниот град предизвикало големо внимание. Многу пагани дошле да го видат, а многумина сакале и да го допрат поради неговата слава. Тогаш мнозина пагани го прифатиле христијанството
Доживеал длабока старост. Починал на 105 години. Кога си го почувствувал својот крај на двајцата негови ученици им оставил завет да го погребаат тајно за луѓето да не го знаат местото на неговиот гроб. Починал на 17 јануари 356 г. (с.с.)  Св. Антониј го празнувале како еснафски празник ковачкиот-цигански еснаф како и цигуларите и амалите.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука