Марио Благојевски-Џемо,фудбалер

0
726

                         

Роден 04 јуни 1997 год. живее во Мралино-Илинден.

Фудбалот му беше преокупација од најмала возраст ,најверовајтно од гените што ги влече од неговиот татко Лазе Благојевски-Џемо,кој беше еден од најистакнатите фубалери од нашава средина.

Марио, со фудбал почна да се занимава на 10 годинишна возраст ,најпрво во младинската фудбалска  школа „Илинден“ ,под раководство на Славе Радевски  и неколкуте тренери во школата.

 По неколкуте сезони поминати во МФК Илинден премина во младинската школа на Фк.Металург,а потоа во Фк.Скопје, каде остана неколку сезони.

На својте 17 години стана  во трето лигашот ФК.Кадино, потоа успешно настапуваше во ФК Илинден .

Денес Марио Благојевски-Џемо настапува за ФК Кадино во втората Македонска лига-Запад.

 На Марио природна позиција му е лево крило, а може да игра и на повеќе позиции како полушпиц и средина.

Населба Илинден на Марио му посакува успешна фудбалска кариера.

 

 

 

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука