Орце Петковски –Петле ,роден е и живее во Мралино-Илинден.
Тој беше истакнат фудбалер ,а настапуваше во повеќе фудбалски клубови .
Својата фудбалска кариера ,како и многу други ја започна за клубот од своето село ФК Мралино.
Неговите успешни игри беа забележани од многу фудбалски клубови од нашата средина и малку пошироко ,затоа тој има настапувано во повеќе клубови ,како што напоменав прв клуб му беше ФК Мралино(во неколку наврата), а потоа ФК Бетонка,ФК Илинден (во три наврата),ФК Фортуна,ФК Маџари и ФК Кадино каде и ја заврши својата фудбалска кариера.
Настапуваше во одбраната ,најчесто на бековска или центархалф позиција.








































