Како изразит фудбалски талент,тој со фудбал започна да се занимава на многу мала возраст во младинската школа на ФК „Работнички“-Скопје.
По извесно време тој беше позајмен на „калење“во ФК „Илинден“- Илинден ,но само по неколку сезони тој беше запазен од стручните лица на ФК„Металург“-Скопје каде преминаа и таму настапуваше неколку сезони.
Потоа се префрли во ФК„Металург“-Велес,па во ФК„Пролетер“од Македонски Брод и по извесно време да премине во ФК „Маџари Солидарност“.
Активен фудбалер беше од 1986г. до 1998г.кога и му завршува фудбалската кариера поради повреда ,иако доста млад ,тој мораше да ја прекине фудбалската кариера.








































