СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА ИЛИНА СОКОЛОВСКА

0
58

Освои сребрен медал и докажа дека и со наши фолклорни мотиви може да се освојува медали.

Сребрениот медал беше освоен со ритмот од нашата народна песна  „Кога падна на Пирина“  од „Некст тајм“ која беше голема инспирација на Илина Соколовска за овој Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија

Таа е особено среќна што сребрениот медал го освои во многу силна конкуренција во која учествуваа 20 земји од светот.

Се радувам на сите освоени медали  и тие ми преставуваат голема восхит и радост , но истовремено и  е жал што не се тоа успеси за Македонија.

Мнозина можеби ќе се запрашат од каде дојде идејата да настапи во ритмот на македонската народна песна ,но како што вели таа ние дома постојано слушаме македонска музика, а и ги сакам „Некст тајм“, ни рече Илина.

Да спомнеме дека покрај Илина и нејзината помала сестра Ева се дел и од Бундес лига и во претходните два напревари екипно ги освоија вторите места за Бундес лига и на републичкиот напревар.

Илина претходниов период напорно тренираше и се спремаше  за вака големи натпреварувања, иако тоа го правеше со повреде нога.

Оваа награда за Илина ќе преставува поттик за престојните натпреварувања во уметничка гимнастика.

  Нејзината помала сестра, Ева, пак, пред една недела имаше републички напревар и го освои второто месо.

Инаку Илина и Ева се наши сограѓанки кои со своите родители Горан и Јасмина подолго време престојуваат во Германија.

Населба Илинден и на двете им посакува успешна спортска кариера!

Претходниот артикал,„Бутим“
Следната статијаИгор Симоновски –Фудбалер

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука