НА ДЕНЕШЕН ДЕН-28 СЕПТЕМВРИ

0
152

* 28 септември – Меѓународен ден на Бошњаците – неработен ден за припадниците на заедницата

28 септември 1994.- Во Скопје умре Вангел Коџоман, еден од основоположниците на современото македонско сликарство. Роден е во Струга, на 14 февруари 1904 година

* 28 септември 1960.- Во Скопје умре Наум Наумовски – Борче, народен херој на Македонија. Роден е во Крушево, на 1 април 1920 година.

* 28 септември 1902.- Во селото Крушоради, Леринско, во борба против турската војска и башибозукот, немајќи друг излез, се самоубија тројца македонски борци, на чело со војводата Дине Кљусов.

* 28 септември 1993.- Владата на Демократска Народна Република Кореја донесе одлука за признавање на Република Македонија.

* 28 септември 1994.- Во Скопје, во издание на “МИ-АН”, излезе првиот број на “Македонско време”, независен информативно-политички њус магазин..

Претходниот артикал,НАЦИОНАЛЕН ПАРК МАВРОВО
Следната статијаГоран Ангеловски-поранешен фудбалер

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука