„Бутим“

0
60

Фотографија од која може да се види како самите домаќинки-мајки приготвувале разна храна од млечни производи во случајов производ со повеќе имиња како Матеница,Маштеница и по наше од скопска блатија Муќеница и маст-путер.

З а производство на овој производ се користело Бутим и долг стап Бучка((Матилка) на кој на врвот се ставала кружна даска со пречник да навлегува во бутимот и со 4 дупки на истата со цел да се мати млекото.

С е користело кисело млеко а со ударите нагоре надоле истото се разбивало  што повремено се црпела маста од млекото и се произведувало маст-путер.

Обесмастеното млеко(муќеницата) се проретчувало према свое видување со вода до степен (и до бела водичка ) колку толку задоволи потребите со храна за семејството.

Ваква приготвена храна се одвивала се до 60-те години од минатиот век ,а покасно ваквото производство и слични на него биле произведувани од индустриските капацитети-Млекарниците.

Фотографијата е позајмена , но сепак према горната облека не е баш топло ,а ма обувки нема –тоа  било поголемите проблеми за населението во тоа време.

Претходниот артикал,КРИВА ПАЛАНКА
Следната статијаСРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА ИЛИНА СОКОЛОВСКА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука