Успешен настап на двајца наши атлетичари на Охридскиот маратон

0
156

Успешен настап на двајца наши атлетичари на Охридскиот маратон
По повод денот на независноста на Р.Македонија во Охрид по 32-ри пат се одржа најстариот атлетски маратон во нашата држава.Стартот беше на граничниот премин Св.Наум , додека целта на плоштадот во Охрид.Вкупната должина на овој маратон изнесува 29.300м. и на Балканот важи за исклучително тежок маратон за трчање поради големиот број на угорници и удолници со постојана промена на ритамот на трчањето во однос на конфигурацијата на патеката.
Од нашата населба овој маратон успешно го финишираа двајца наши сограѓани и тоа  и Момчило Ристовски.
Искусниот Игор Емси Јакимовски забележа огромен успех бидејќи во генерален пласман го освои 6-то место (време 02.00.23), додега во рангот на македонските натпреварувачи го освои 2-то место, за што беше соодветно .награден од организаторот.

Момчило Ристовски вториот наш преставник исто така забележа добар резултат освојувајќи го 26 место со време од 02.29.07 од 120-те натпреварувачи.

Претходниот артикал,ФК МАРИНО, во 80-те
Следната статијаМИХАИЛ И МАРИЈА МЕЛНИКОВИ ПРВИ УЧИТЕЛИ НА МАЈЧИН ЈАЗИК ВО н.ИЛИНДЕН.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука