МИХАИЛ И МАРИЈА МЕЛНИКОВИ ПРВИ УЧИТЕЛИ НА МАЈЧИН ЈАЗИК ВО н.ИЛИНДЕН.

0
302

МИХАИЛ И МАРИЈА МЕЛНИКОВИ ПРВИ УЧИТЕЛИ НА МАЈЧИН ЈАЗИК ВО н.ИЛИНДЕН

14 септември 1945г. Во Населба Илинден(тогашно Белимбегово) за прв пат е отворено основно училиште на македонски јазик.Први учители биле брачниот пар Михаил и Марија Мелникови.Михаил е руски емигрант кој се доселил во Македонија ,а Марија е од Градот Велес.

Tие се првите учители кои покрај редовното изведување на наставата по македонски јазик организирале и спровеле многу аналфабетски курсеви за описменување на возрасното население.

Според нивните забелешки тие оделе од куќа во куќа да обезбедат ученици за редовно школување како и за доброволци возрасни за вонредно описменување .Наставата ја изведувале ми мизерни просторни услови и школски помагала.

Непосредно по ослободувањето 1945 година,Михаил и Марија дале голем придонес за подобрување на условите за школување на децата со нивно лично вклучување за собирање паричен надоместок од населението да се откупи приватна куќа, која потоа е пренаменета во училиште.

По изградбата на Задружниот Дом школото продолжува наставата да ја обавува во новиот дом ,а дотогашната училишна зграда пренаменета е во здраствена станица-амбуланта.

Во Илинден останале и по нивното пензионирање односно до крајот на својот живот,каде претходно си купиле плац и изградиле сопствен дом .Како многу правични луѓе, својот имот по нивната смрт го оставија на државата, со претходно оставен тестамент за тоа.

Претходниот артикал,Успешен настап на двајца наши атлетичари на Охридскиот маратон
Следната статијаОбичаи поврзани со празникот Преподобен Симеон Столпник

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука