Големо признание за нашата Илина Соколовска

0
78

Илина Соколовска,прогласена е за мајстор по гимнастика во Германија

Илина  (15), ќерка на Горан и Јасмина Соколовски,наши сограѓани кои живеат во Германија, е прогласена за мајстор на Северна Вествалија.

 Таа изминатиот викенд по една и пол година пауза се натпреваруваше на најголемиот турнир во Хависбек,  Вествалија и освои две медали.

Илина веќе се натпреварува во Бундес лигата и на 20 ноеври ја очекува нов натпревар, кој ќе се одржи во Берлин.

 Гимнастиката е нејзина љубов, нејзин живот и секако дека ќе продолжи да се натпреварува со големата подршка од нејзините родители

Минатата година поради пандемијата додека се беше застанато Илина не мируваше, постојано тренираше.

Летово Илинаа  дојде на одмор во родниот Илинден, односно во  Македонија и  повеќето време од нејзиниот престој таа го помина во подготовки.

Илина веќе 10 години се дружи со гимнастиката.

Од досегашните нејзини натпреварувања  речиси и да не се случило  таа  се врати без освоен  медал.

Зад неа се натпревари на републичко, државно и интернационално ниво.

Во Украина беше прогласена за принцеза, а Германците се гордеат со неа иако таа се натпреварува со македонски пасош.

И додека сите го гледаат и ценат нејзиниот успех,тоа не го гледаат од  Агенцијата за млади и спорт на Македонија.

На толку постигнати високи резултати таа никогаш не е повикана да ја претставува Мкедонија  на интернационални натпревари.  

Место неа со години на таквите наатпревари се форсираат едни исти гимнастичари, кои не покажуваат никакви резултати.

 Но, во Германија, за разлика од кај нас, не се потребни врски. Напротив без разлика кој и да си и од каде да доагаш важен е квалитетот.

А, Илина досега го покажала квалитетот и нејзиниот спортски вонсериски талент.

Да се надеваме дека еден ден нашите надлежни ќе го чујат тоа што сите го гледаат и почитуваат и ќе ја побараат Илина да се натпреварува и ги брани боите на Македонија.

Илина,од најмали нози воспитана од нејзините родители да си ја сака Македонија и со нетрпение го чека и тој голем ден кога ќе настапи за Македонија

Како наша сограѓанка, ние посакуваме таа желба да и се оствари .

Претходниот артикал,OOУ Гоце Делчев-населба Илинден
Следната статијаТеа Божиновска-фудбал

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука