НАШИОТ СОГРАЃАНИН ЖАРКО ПЕШЕВСКИ СЕ РАЗДЕЛИ ОД МЕТАЛУРГ.: НО НЕ РЕЧЕ ЗБОГУМ ,ТУКУ ДОВИДУВАЊЕ ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ МЕТАЛУРГ.
По 16 години минати во Автокоманда, пикерот на Металург Жарко Пешевски го напушта нашиот клуб и почнува интернационална кариера, а негова прва станица е Украина и нејзиниот повеќекратен шампион Мотор Запорожје. Сепак, разделбата со клубот во кој ги мина сите свои ракометни денови му паѓа тешко, па затоа тој емотивно вели:
“Не сакам разделби и збогувања, па затоа велам дека ова со Металург е само довидување до следно видување. Металург е сместен во посебно место од моето срце и јас му посакувам се најдобро. Сега правам нов исчекор во мојата професионална кариера и се надевам дека повторно ќе имам одлична сезона, каква што ми беше и оваа“.
Не знаеме како ќе тече понатаму кариерата на ова момче на Металург, но се надеваме дека, кога -тогаш, повторно ќе го видиме во дресот на нашиот клуб. До тогаш, му посакуваме само успеси, на професионален и на личен план.
НАСЕЛБА ИЛИНДЕН НА НАШИОТ ЖАРЕ МУ ПОСАКУВА УСПЕХ ВО НОВАТА СРЕДИНА .








































