– „РИНГЕ, РИНГЕ, РАЈА“ – ПЕСНА СО КОЈА ПОРАСНАА МНОГУ ГЕНЕРАЦИИ
„Ринге, ринге раја, дош’о чика Паја…“ е песна со која пораснавме сите. Ја сакавме, ја пеевме, им ја пееме и на нашите деца, но вистината што се крие зад неа не е ниту малку весела.
Имено, оваа песна потекнува од песна од 17 век што во Лондон се пеела и се однесувала на чумата, болест што однела многу животи.
Првата строфа раскажува за болеста и умирањето, а втората за лекот и оздравувањето: Така настанала песната „Ринге раја“, која имала многу препеви и верзии на различни јазици, па така прстенот од ружи станал Чика Пајо што носел јајца од кои едно било расипано.
Во песната се споменуваат два цвета – ружата и глуварчето. Едниот е со црвена боја, како црвените прстени што ги претставуваат симптомите на чумата, а другиот цвет е жолт и традиционално се користи како лек против настинка, воспаление, ревма, иритација на кожа и слично.
Песната се пеела слично како и кај нас: децата се фаќале за рацете и формирале круг околу едно дете, играле околу него и ја пееле песната. Оној што е најбавен во кругот, во следниот круг стои на средина и станува ружа.
Симболично, детето во средина ја претставува заболената личност, сама, изолирана. Во подоцнежните верзии, детето што стои во средината на крајот од песната бакнува некого од кругот и така го „заразува“ за тој да стане ружа и да ги заменат местата.