Кирил Марковски-велосипедизам

0
180

КИРИЛ МАРКОВСКИ – ВЕЛОСИПЕДИСТ, СТАНА ДРЖАВЕН ПРВАК НА МАКЕДОНИЈА ДО 18 г.
Роден е на 25 Мај 1998г.во Скопје,живее во н.м.Миладиновци-Илинден.
Основно училиште завршил во ОУ„Браќа Миладиновци“во с.Миладиновци ,а сега е ученик во 3 година во АСУЦ„Боро Петрушевски“-Скопје.
Кирил Марковски,започнал да се занимава со планински велосипедизам,пред неколку години , кога започнува и да вози рекреативно.
Во 2015 година тој започнал посериозно да се занимава со планинскиот велосипедизм ,кога и станал член на велосипедскиот клуб “E.B.T.S. (Evil Bikers Team Skopje)”.
Во 2016 година Кирил Марковски оствари одлични резултати и тоа:
Откако го постигна овој успех сега се наоѓа на првата позиција на ранг листата со солидна предност пред вториот, до крај остануваат околу 5-6 трки од кои се очекуваат нови успеси на Кирил.
На 22 мај 2016 година на трката во Гостивар, К.Марковски го освои првото место.
На 16 јули 2016 година Балканијадата, како македонски репрезентативец го освои високото 6-тото место,со оглед на големиот број на учесници на трката од сите Балкански земји и овој резултат е добар.
На 17 јули 2016 година во Радовиш се оджа државното првенство , а Кирил Марковски го освои првото место и стана државен првак во Македонија до 18 години.
Населба Илинден на велосипедистот Кирил Марковски ,му посакува успех во кариерата

Претходниот артикал,Никола Лефков-велосипедизам
Следната статијаЗдравко Дејановиќ-алпинизам

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука