Звонко Најдовски-фудбал

0
177
Звонко Најдовски,поранешен фудбалер, од Кадино-Илинден.
Кога би се правела репрезентација на Илинден, од поранешнни фудбалери ,секако местото центарфор би било резервирано и би му припаднало на Звонко Најдовски.
Со уште ненавршени 18 годишна возраст веќе беше стандарден првотимец на ФК Кадино од 1980 година . Неговата робусна спортска става со исклучителни голгетерски способности беше страв и трепет за сите одбрани,а особено голмани од противничките тимови.
Набргу за него почнаа да се интересираа многу фудбалски тимови од македонската фудбалска лига пројавија интерес да го доведат Звонко во своите редови.
Најбрз од сите клубови беше ФК Скопје каде Звонко ја продолжи фудбалската кариера ,потоа се нижеа фудбалски клубови во кои Звонко настапуваше,од ФК Скопје премина во ФГ Гоце Делчев,ФК Маџари,ФК Слога,потоа замина за Шведска каде настапуваше за тимот на нашите иселеници,потоа се врати и настапуваше за ФК Илинден- во втора лига ,за ФК Шкендија,и својата богата фудбалска кариера да ја заврши во својот матичен клуб Кадино.Ова се само телеграфски белешки неопишувајќи ги поединачните и клубските успеси што ги постигна Звонко.
Населба Илинден на Звонко му посакува добро здравје.

 

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука