Роден е на 31.12.2007, живее во населба Илинден, од својата 6 годишна возраст започна да тренира фудбал 4 години во ФК Виктори ,а потоа премина во фудбалска школа Грозданоски, каде настапуваше во ФФМ детска лига и беа постигнати одлични резултати.
Четири години колку што беше во школата Грозданоски беше под водство на тренерот Марјан Грозданоски. Потоа беше примен во ФФМ УЕФА академијата,каде 2 години беше сместен во интернат и тоа беше неговиот дом 2 години,а тренер му беше Драган Начевски.

Веќе две години тренира во ФК Работнички, а тренер му е Александар Максимов.Под негово водство екипата во која настапува настапува Давид бележи одлични резултати во супер лигата, пласирана е на 2 позиција на табелата, со исто бодовно салдо со прво пласираниот.

Денес, Давид е ученик во средно училиште во ДСУ Спортската Академија, каде што и тренира, со тренерот Влатко Грозданоски.
Настапува на позицијата стопер и се надева дека во иднина ќе заигра за сениорскиот тим на Работнички, па и Македонската Репрезентација.