Овој музички бенд од млади музичари од Илинден во овој состав: Зоран Трпевски, Новица Јорданов, Веско Станојков и Боби Павловски од 90-те години од минатиот век.
Но, за жал по неколку годишното пливање во музичките води, Бендот престана да биде активен.
Сепак од него произлезе еден музичар Зоран Трпевски, кој и ден денес за своја душа и своите пријатели знае да отсвири некое оро.
Но, поважно е тоа што од овој Бенд произлезе еден музичар-пејач Боби Павловски, кој со своите свирки и песни денес ги полни скопските угостителски објекти.