Младинска Фудбалска Школа „Илинден“
Во 2005 година,беше формирана младинска фудбалска школа „Илинден“, која работеше под водство на Славe Радовски од Илинден . Славе беше поранешен фудбалер во ФК„Илинден“, но и на познати фудбалски екипи од Македонија,како ФК „Работнички“, ФК „Македонија“, ФК „Борец“, и ФК „Осогово“. Еден период овој извонредно талентиран фудбалер настапувал и во странство,каде и денес престојува.
Младинската школа „Илинден“ учествуваше на повеќе домашни и меѓународни турнири. Поради извонредната подготвеност и професионална игра, Клубот имаше освоено повеќе домашни и меѓународни награди и признанија. Меѓу позначајните успеси биле освојувањето на првото место на турнир во Фрајбург, Германија, второ место во Копенхаген, Данска, трето место на турнирите во Лил и Прага.

Низ школата со фудбалските вештини се стекнале повеќе 400 младинци, а поголемиот број од тогашните млади фудбалери денес се „столбови“на многу фудбалски клубови во нашава средина и пошироко.

