Се до 60 -те години од минатиот век склопување на црковниот брак се одвиваше по верски правила кој требаше да се спроведе само во недела и тоа до 12 часот.
Со оглед на тоа што остануваше кратко време за спроведување и на други адети и обичаи на денот на свадбата во неделата,склопување на административниот брак (регистрацијата)се обавуваше во други денови пред свадбата.
Потребни беа само два сведока и не се полагаше многу на тоа,сведоци можеа да бидат и други, за разлика од црковниот брак каде кумот и старосватот се тие пред кои се склопува бракот.