Денеска во присуство на голем број верници се изврши осветувањето на возобновениот храм „Св. Троица“ во Бучинци

Со чинот на осветувањето чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј, а овој голем настан беше проследен со богата културно-уметничка програма.

Инаку Црквата „Св. Троица“ – Бучинци — средновековна црква од крајот на XVII век, изградена e на темели на постара црква, првично изградена со камен. Првото реновирање е направено од жителите на Бучинци во 80-те години.
Во 2021 повторно со иницијатива од младите на Бучинци со собирање на средства од жителите и иселените жители е започнато реновирање на кровот фасадата и дворот на црквата, а понатака и на внатрешниот дел.