Народно пресметување на времетраењето на месеците.

0
54

Според истражувањата на етнолозите и антрополозите, времетраењето на месеците во народната култура на Македонците, најчесто се пресметувало и одредувало според одредени празнични дениови, нарекувани меџници или синори. Тоа се големите христијански празници кои ги има во секој месец од годината. Времетраењето на месеците во народното живеење на Македонците изгледало вака:

јануари – од Вртолом до Василица

коложег – од Василица до Свети Трифун

сечко – од Свети Трифун до Летник

марта – од Летник до Благовец

април – од Благовец до Еремија

мај – од Еремија или Ѓурѓовден до Духовден или до Петрови поклади (започнувањето на петровденските пости)

јуни – од Духовден или Петровденски поклади до Иванден

јули – од Илинден до Голема Богородица

август – од Голема Богородица до Крстовден

септември – од Крстовден до Петковден

октомври – од Петковден до Митровден

ноември – од Митровден до Пречиста

декември – од Пречиста до Света Ана или Свети Игнат

Според ваквото времетраење на месеците, може да се забележи дека годината има 13 месеци, што всушност се поклопува со бројот на месечевите мени во текот на една година. Ова пак укажува дека луѓето во минатото ги одредувале месеците и се ориентирале според бројот на промени на месечината во една година.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН 12 ФЕВРУАРИ
Следната статијаПрвачиња 1968/69 -Кадино

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука