Изминатиов викенд Хулк Таеквондо Академија учествуваше на натпреварот “Hercules Games” во Белград. На натпреварот имаше повеќе од 500 натпреварувачи од 10 земји. Хулк Академија учествуваше со 12 натпреварувачи, освои 7 бронзени, еден сребрен и еден златен медал. Тимот продолжува со секојдневните тренинзи, тренерите работат посветено и во тек се припреми за Стара Загора -Бугарија. Резултати: Бронзен медал трето место- Блага Цветковска Михаела Велковска Ангел Јовановски Стефани Трајчевска Мартин Савовски Миле Ваневски Михаела Гаврилова Сребрен медал Дамјан Властевски Златен медал Христијан Симоновски Со три убедливи победи: Србија, Црна Гора и Унгарија