Црницата во Лесновски Манастир
Во дворот на Лесновскиот манастир се наоѓа црница која е уникатна по неколку нешта. Црницата има стебла на сите четири страни во вид на крст. Таа е една од неколкуте црници донесени од Света гора пред околу 600 години и засадени околу манастирот. Зрее и има род од 13 јули до 21 септември, односно од Петровден до Мала Богородица.