2 јуни 1985 Лила Петрушевска од Илинден,денес наставник во ООУ„Гоце Делчев“Во конкуренцијата на младинки до 19 години, во 1985 година со резултат 41,98 , поставува нов младински рекорд на Македонија, и повторно настапува на поединечното јуниорско првенство на Југославија, во Постојна. Овој пат го освојува 4 место, а копјето го фрлила на далечина од 41,36 м., што е речиси за 4 метри подобро од оној во Охрид.
Годината 1985 ја завршува со нејзиниот најдобар резултат од 43,98 м. и поставува нов младински рекорд на Македонија. Покрај тоа, истата година постигнува забележителни резултати и во фрлање ѓуле. Најнапред справата ја фрла на далечина од 10,35 м., а потоа уште подобар резултат од 12,30 м.