Нашите девојчиња,младите Илинденки-Македонки ,сестрите Илина(15) и Ева(12) Соколовски повторно нижат успеси во Германија.
Тие се пласираа во финале и сега Илина е меѓу 20-те, а Ева меѓу 16-те најдобри ритмички гимнастичарки во Германија, секоја во својата категорија.
На последниот републички натпревар, кој се одржи во Боркен, Илина го освои бронзениот медал, додека Ева, поради повредите, заврши на шестото место.
Германските медиуми со пофалби пишуваа за сестрите Илина и Ева Соколовски.
Освоениот бронзен медал на Илина добиваа на тежина ако се знае фактот дека во групата каде се натпреварува Илина таа е најмлада од сите, бидејќи има натпреварувачки и до 30-годишна возраст.
Илина и Ева бидејќи влегоа во финале, ќе се натпреваруваат идниот месец во градот Дан, кој се наоѓа на француската граница.
Инаку, Илина е и дел од Бундес лигата, која ќе почне во септември оваа година.
Сестрите Илина и Ева се гордост на нивните родители Гоаран и Јасмина , како и на Илинден,Скопје и Македонија.
И на двете им посакуваме успешна спортска кариера.