*Извадок од Монографијата за Населба Илинден.
Сити игри од подалечното минато ги опишуваме според сеќавањата што ни ги раскажаа :(Симо Ангеловски-75г.),Драган Насковски-72г,Трипун Велковски -80г.и други.
ДЕТСКИ ИГРИ ОД НАШЕТО ПОДАЛЕЧНОТО И ПОБЛИСКО МИНАТО
Децата низ вековите се занимавале со разни игри ,кои ги обавувале во дворовите ,кога се дома или по селските утрини-пасишта кога го напасувале добитокот.
Додека го напасувале добитокот, играле и посебни меѓусебни групни игри,речиси сите игри ги изведувале со стапови и други предмети ,најчесто направени од дрво. Тоа го правеле од практични причини, прво, за да побргу им помине времето, и второ, играле за да се загреат во текот на ладните денови. Игрите воглавно се изведувале помеѓу двајца играчи или помеѓу две групи деца. Редоследот за тоа кој ќе почнел прв со играта, се вршел со фаќање на стапот од долната страна кон горната страна. Имено, секое дете со својата рака го фаќал стапот, при што, детските раце се ределе една врз друга се до врвот на стапот. Она дете чија рака последна ќе се нашла на долниот од стапот, ќе морал да ја започне играта во, за него, најнеповолна улога
Од подалечното минато децата кои го напасувале добитокот по утрините најчесто ги играле игрите:Челик,Зајкуре,Ложан
Во дворовите најчесто се играло:Џамлии,Долга Магарица,Фанта,Поединачно или групно Скокање на Јаже,Ластик ,Народна,Мижитантара-Криен
На повеќето од денешните деца овие игри не им се познати старите игри, искинатите колена, „крадењето“ овошје од комшиските дворови, чекањето на радио да се чуе омилената песна, касетите што моравме да ги превртуваме, пони и BMX велосипедите и милион други игри. Се разменуваа сликички од спортисти, ливчиња и салфетки во кутии, се пишуваа споменари во кои се криеја најдлабоките детски тајни. За децата од 90-тите врв на технологијата беа тетрисот, нинтендото, можноста да се види телетекс на телевизија преку кој се добиваше информација за програмата, спортските резултати и сл. Овие нешта се чини дека одамна се заборавени, а од друга страна тоа и не беше така одамна.Денешниве можности за забава е доста различна од погоренаведените игри ,Комјутерот ,односно Интернетот си го направија своето.Да не отидат во тотална заборав ,преку наредниве неколку описи на старите игри и фотографии се надеваме дека ќе разбудиме убави спомени кај повозрасните и евентуален поттик кај децата од денешниве генерации.