Момчило Ристовски –атлетичар -рекреативец

0
134

Скопскиот маратон  минатиот викенд се одржува по 16-ти  пат.

На овој маратон учествуваа неколку атлетичари од нашата средина , а некои од нив постигнаа и многу добри резултати.

Покрај поединачни настапи на овој маратон се одржа и екипни натпреварувања, а во една од нив учествуваше и екипата Македонскиот полициски синдикат која  го освои третото место.

Во оваа екипа еден од најзаслужните за постигнатиот успех е членот на истата, нашиот сограѓанин Момчило Ристовски.

Инаку оваа екипа учествуваше и минатата го дина кога го освои првото место и тогаш за  екипата  настапи Момчило Ристовски.

Тој и неговата екипа оваа година  и минатата година и оваа беше подржана од Компанијата Атанасовски, кои се одзваа на повикот и со своја донација ја помогнаа екипата на Македонскиот полициски синдикат.

Покрај личното учество на оваа трка Момчило покажа и  „Солидарност на дело“после неговата трка и истрчаните 12 км во знак на солидарност и подршка, истрча уште 9 км рамо до рамо со Ивана Тренчовска неговата колешка од тимот на МПС.

Претходниот артикал,Денес се одржа 16 -то издание на „Скопскиот маратон“
Следната статија„КАЛКУС“- ИЛИНДЕН

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука